Опис
Зошто White Smile?
- Безбедно за забната глеѓ
- Брзо и лесно до убава насмевка
- Oтстранува дамки од вино, кафе и цигари
- Вкус на ментол
Пакување: 7 ќесички (секоја со горна и долна лента, вкупно 14 ленти)
Што е White Smile?
White Smile се ленти за избелување на забите што за само 7 дена детално ќе ги обелат вашите заби. Ги отстрануваат дамките дамките од вино, кафе, цигари. Состојките навлегуваат длабоко во глеѓта и дентинот на забот и темелно ќе ги избелат, без да ги оштетат.
Придобивки од White Smile
Лентите се меки и флексибилни и дизајнирани се да одговараат на обликот на горните и долните заби. Благодарение на нивната напредна технологија, единствената еластична гел формула овозможува лентичките брзо и лесно да се прилепат на сите форми на заби. Содржат честички што произведуваат вискозитет и еластичност што е единствена и има успешен ефект и овозможуваат лентите да стојат цврсто на површината на забот.
За само 7 дена последователна употреба, еднаш дневно, за 30-60 минути, забите ќе станат значително побели. За уште поинтензивен ефект, тие можат да се користат двапати на ден, 7 дена во неделата. Ефектот на избелување трае до половина година. Се препорачува третманот да се повтори по шест месеци, а во меѓувреме, помеѓу двата третмани, се препорачува да се користат ленти повремено. По секој целосен третман, треба да паузирате со употреба една недела.
При употребата на White Smile нема да имате никакви проблеми, како одлепување, вишок гел, неефикасност, непријатности и иритација на усната шуплина.
За кого е White Smile?
Лентичките се наменети само за возрасни. Иако се безбедни за човечкото тело, се препорачува да не ги користат лица под 18 години, бремени жени, лица со чувствителни непца и чувствителни на водороден пероксид, или веднаш по стоматолошка интервенција. Луѓето со чувствителни заби треба да го користат овој производ со соодветно внимание.
Употреба
Лентите се употребуваат еднаш дневно во текот на 7 дена. За поинтензивен ефект, се препорачува лентите да се користат двапати дневно во текот на една седмица.
Лесна употреба во 3 чекори:
Чекор 1: Со суви раце отстранете ја фолијата од лентата.
Чекор 2: Гледајќи се во огледало, на долните заби залепете ја лентата со страната на која има гел. Притиснете ја и израмнете ја лентата на површината на забите, за совршено да се намести врз нив. Повторете го истото и за горните заби.
Чекор 3: По 30-60 минути нежно отстранете ги лентите.
Состав
Глицерин, вода, целулозна гума, динатриум EDTA, натриум хлорит, цитрусна киселина, ментол.