Опис
Што е Sneaker Care Cleaning Foam?
Sneaker Care Cleaning Foam е детергент во пена за патики и спортски обувки во сите бои и материјали (платно, кожа, вештачка кожа, превртена кожа, лаковани, најлон, винил, пластика, гума, технички ткаенини). Суперконцентрираната пена продира длабоко, ги ослободува активните состојки за да ги елиминира упорните дамки (како масти) целосно и темелно, за да ги направи вашите патики како нови.
Пакување: 200ml
Употреба
Добро протресете ја Sneaker Care Cleaning Foam. На оддалеченост од 3-4cm од патиката, испрскајте ја пената на целата површина што сакате да ја третирате. Исчеткајте ги патиките за еднакво да ја нанесете пената и отстранете ги евентуалните остатоци со чисто шамивче. Оставете да се исушат и повторно исчеткајте ја целата површина. Доколку е потребно, повторете. За деликатни и материјали во боја, прво пробајте го производот на дел од материјалот што не се гледа. За чевли во сите бои.
Предупредувања
Високо запалив аеросол. Сад под притисок: може да експлодира ако се загрее. Во случај на лекарска консултација, носете ја со себе амбалажата или етикетата од производот. Да се чува подалеку од дофат на деца. Да се чува подалеку од извори на топлина, ладни површини, искри или отворен пламен или други извори на палење. Не пушете. Не прскајте врз отворен оган или друг извор на палење. Не перфорирајте ја амбалажата дури ни по употреба. Темелно измијте ги рацете со вода по употреба. Заштитете од сончева топлина. Не изложувајте го на температури повисоки од 50оС. Заштитете ги очите. ПРИ КОНТАКТ СО ОЧИ: темелно исплакнете со вода неколку минути. Извадете ги контактните леќи дококу е можно. Продолжете со плакнење. Доколку иритацијата на очите продолжува, консултирајте се со лекар. Одложете го производот/амбалажата според локалните прописи.
Содржи: (регулатива за детергенти 648/2004/СЕ): <5% анјонски и нејонски сурфактанти. Други состојки: конзерванси и парфем.
Земја на потекло: Италија