Опис
Зошто Whey Isolate?
- 24,6 протеин / 0,59 шеќер / >5,5g BCAAs*
- 109 калории во порција
- Одличен за припрема за натпревар или исхрана со ниски јаглехидрати
Пакување: 908g
*BCAAs – аминокиселини со разгранет ланец
Што е Whey Isolate?
Whey Isolate, односно изолатот од сурутка, е најчистиот протеин од сурутка (со 82% протеин), добиен од крави хранети со трева и има многу ниска масленост и уште пониска содржина на шеќер и одличен вкус. Whey Isolate на PhD има висок степен на биорасположливост и многу брзо се апсорбира во телото. Исто така има висока концентрација на аминокиселини со разгранет ланец (BCAA) – речиси 6g во порција – што се користат како гориво на мускулите додека работат и ја стимулираат синтезата на протеините.
Whey Isolate на PhD е произведен со користење на напредна комбинација од ултра и микрофилтрирачки процеси, осигурувајќи дека нема денатурирање на протеините и максимален протеински интегритет. Овие процеси произведуваат чист, квалитетен протеин од сурутка, богат со гликомакропептиди (GMP) и биоактивни пептиди, истовремено оставајќи ги мастите, лактозата и другите несакани состојки “изолирани” надвор.
Придобивки од Whey Isolate
Разликата помеѓу протеинот од сурутка и изолатот од протеин од сурутка е во количината на протеин што се содржи една дозерка од протеинскиот прав. Изолатите се процесирани и филтрирани за да содржат приближно 90 проценти протеин во дозерка, додека најголемиот дел од мастите и лактозата се отстранети, правејќи ги посоодветни за лицата што имаат план за исхрана со многу ниски јаглехидрати, но сепак ги сакаат сите придобивки од протеинот од сурутка.
За кого е Whey Isolate?
Најсоодветен е за оние што бараат премуим извор на протеин со минимално ниво на лактоза.
Употреба
Градењето на чиста мускулна маса се прави преку денот и тоа е пристапот кој треба да го имате при конзумирање на квалитетен протеин, треба да биде константно и конзистентно, не барајте пократок пат. Whey Isolate има одличен вкус, па може едноставно да се помеша со вода со додавање на 1 дозерка во 200ml вода и да се измеша во шејкер на PhD. Whey Isolate исто така може да се користи и во правење пецива и готвење, но со оглед на тоа што е толку чист и мастите и лактозата се речиси целосно отстранети, подготовката на пецива претставува поголем предизвик.
Па, наместо тоа, зошто да не си направите едно немасно смути со додавање 200ml млеко од бадем во блендер, 1 дозерка Whey Isolate, 2 лажици обезмастен грчки јогурт, една рака замрзнато шумско овошје и да си го започнете денот со експлозија поттикната од сурутка.
Нутритивни информации
- Без глутен
- Без ГМО
- Без палмино масло
- Вегетаријанско
- Халал
За вкус Vanilla Crème
Типични вредности | Во 100g | Во порција од 30g |
Енергетска вредност | 1528kJ/365kcal | 460kJ/110kcal |
Масти | 0,96g | 0,29g |
-од кои заситени | 0,15g | 0,04g |
Јаглехидрати | 4,0g | 1,2g |
-од кои шеќери | 1,95g | 0,59g |
Растителни влакна | 0,96g | 0,29g |
Протеин | 85g | 25,5g |
Сол | 0,48g | 0,15g |
За вкус Chocolate Cookie
Типични вредности | Во 100g | Во порција од 30g |
Енергетска вредност | 1524kJ/364kcal | 456kJ/109kcal |
Масти | 1,51g | 0,45g |
-од кои заситени | 0,52g | 0,15g |
Јаглехидрати | 4,5g | 1,35g |
-од кои шеќери | 1,96g | 0,59g |
Растителни влакна | 2,90g | 0,87g |
Протеин | 82g | 24,6g |
Сол | 0,50g | 0,15g |
Аминикосиелински профил во порција од 30g | |||
Л-аланин | 1231mg | Л-лизин* | 2364mg |
Л-аргинин | 517mg | Л-метионин* | 542mg |
Л-аспартична киселина | 2708mg | Л-фенилаланин* | 739mg |
Л-цистеин | 542mg | Л-пролин | 1354mg |
Л-глутаминска киселина / Л-глутамин | 4457mg | Л-серин | 1133mg |
Л-глицин | 345mg | Л-треонин* | 1650mg |
Л-хистидин* | 419mg | Л-триптофан* | 345mg |
Л-изолеуцин* (BCAA**) | 1576mg | Л-тирозин | 640mg |
Л-леуцин* (BCAA**) | 2610mg | Л-валин* (BCAA**) | 1453mg |
Вкупно BCAA** во порција од 30g | |||
BCAAs** | 5639mg |
*Есенцијални аминокиселини
**BCAA – аминокиселини со разгранет ланец
Состав
За вкус Vanilla Crème (ванила крем)
Изолат од протеин од сурутка (млеко) (96%), емулгатор (лецитин од сончоглед), ароми, згуснувачи (ксантан гума, гуарова гума), засладувач (сукралоза).
За вкус Chocolate Cookie (чоколадно колаче)
Изолат од протеин од сурутка (млеко) (91%), емулгатор (лецитин од сончоглед), какао во прав, ароми, згуснувачи (ксантан гума, гуарова гума), засладувач (сукралоза).
Информации за алергени: За алергени, видете ги задебелените состојки.