FORGOT YOUR DETAILS?

PhD Creatine – Креатин во прав

989.00 ден

КРЕАТИН ВО ПРАВ, 250g

Креатин монохидрат е еден од најшироко истражуваните и веројатно најефективните додатоци на спортската исхрана достапни на пазарот. Кога се користи во склоп на ефективен план за вежбање и исхрана, креатинот докажано го зголемува физичкиот перформанс за време на краткотрајни, високоинтензивни, повторени серии на вежби.

Нема на залиха

Опис

Зошто PhD Creatine?

  • Идеален за спортови за моќ
  • Прав за инстантно мешање
  • Го зголемува физичкиот перформанс

Пакување: 250g

 

Што е креатин?

Креатинот е суспстанца што природно се наоѓа во мали количини во мускулните клетки. Им помага на мускулите да произведуваат енергија за време на високоинтензивни вежби и вежби со кревање големи тежини. Тој е всушност помеѓу најистражуваните и најефективни додатоци. Креатин монохидратот во организмот се претвора во креатин фосфат кој помага во создавањето и рециклирањето на супстанцата аденозин трифосфат што им дава на мускулите енергија за контракција за време на кратки високоинтензивни серии на вежби. Организмот е способен да произведе само мали количини од креатинот којшто му е потребен. Креатинот може да се добие и преку храна богата со протеини како месо и риба, но додатокот на креатин монохидрат е апсолутно неопходен за да се добијат позитивните ефекти потребни за спортистите и сите кои тренираат.

Придобивки од креатинот

Креатинот се користи за подобрување на силата, зголемување на чистата мускулна маса и како помош во побрзо опоравување на мускулите за време на вежбање. Со тоа може да им помогне на спортистите да постигнат напливи на брзина и енергија, особено за време на кратки експлозивни и високоинтензивни активности како кревање тежини или спринт, бидејќи креатинот го храни енергетскиот систем кој се користи при овие активности. Креатинот исто така има и ноотропски позитивни ефекти врз перформансот на мозокот.

За кого е PhD Creatine?

Креатин монохидрат е наменет првенствено за оние кои сакаат да си го подобрат физичкиот перформанс и да си ја зголемат силата.

 

Употреба

Зависно од тоа од каде се информирате, ќе најдете различни препораки за тоа како и кога да конзумирате креатин монохидрат. Сепак, истражено е дека за брзо и ефективно внесување на креатин монохидрат во организмот, треба да се внесат 0,3g на килограм тежина, препорачливо со оброк или пијалок со јаглехидрати со висок гликемиски индекс, бидејки инсулинот помага во снабдувањето на мускулите со креатин. Се препорачува да се следи овој протокол околу 5 дена, а потоа да се намали во количина за одржување од 4-5g дневно.

PhD препорачува да се користат 1-2 порции Creatinе дневно. Една порција е една дозерка (5g) и се додава во 400ml вода или сок и се меша околу 10 секунди.

Може да се додаде на PhD производи кои се богати со протеини или јаглехидрати и може да се користи како дел од моќен шејк за пред, за време или по вежбање. Да се користи само со производи кои не содржат дополнителен креатин.

 

Нутритивни вредности и состав

  • Веганско
  • Вегетаријанско
  • Без соја
  • Без палмино масло
  • Без ГМО
  • Без млечни производи
  • Халал

100% микронизиран креатин монохидрат.

Креатинот помага во зголемување на перформансот во текот на кратки серии на високоинтензивни вежби. Позитивниот ефект се постигнува со внес на 3g креатин дневно.

Информации за алергени: Може да содржи јајца, млеко, соја и житарки кои содржат глутен.

Дополнителни информации

Вкус

Fruit Punch

TOP